Захариева предложила Акционен план за спорот со Македонија

0
72

Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија го примила денеска специјалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски, кој престојува во работна посета на Бугарија. За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји, при што Захариева предложила акционен план за соработка со Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
Бугарското МНР очекува овој документ да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

Претходно, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во интервју за ТВ21 рече дека не постои никаков Анекс со 12 точки, за кој зборуваше бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.

„Не постои никаков Анекс со 12 точки за кои зборува Каракачанов“, рече Османи. Ваков анекс во јавноста спомена Каракачанов, кој рече дека ако го потпише, Северна Македонија има шанси да добие датум за преговори во јануари или февруари. МНР порача дека има континуирана размена на мислења и на идеи, а последниот споделен предлог е Акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, за кој денес очигледно свои предлози дала и Софија.

Независен весник