За понеделник е најавен протест во Тетово

0
126

За понеделник во 13:00 часот е најавен протест во Тетово. Протестот е за решавање на проблемот со пешаците на индустрискиот пат.

Собирот на демонстранти ќе се одржи на крајот од индустрискиот пат пред да се спои со булеварот Индустриска. Протестот според најавата е организиран по многуте барања за воведување на безбедност на овој пат, посебно за безбедноста на пешаците.

Барањата ќе бидат обелоденети на денот на протестот, а учесниците мора да ги почитуваат правилата за спречување на КОВИД-19.