Извозот за 11 месеци во 2020 година со пад од 9,9 отсто

0
63

Извозот на стоки од земјава од јануари до ноември минатата година бележи пад од 9,9 отсто во однос на тој период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.970.157.000 американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.744.550.000 долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, пак, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември лани изнесува 76,9 отсто.