Излевање на реки во Кумановско – екипите на терен

0
88

Поради зголемените врнежи од дожд се излеаја реките Крива Река и Пчиња во неколку села, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово и од Водостопанство „Кумановско-липковско поле“, чии екипи веќе неколку дена ги санираат критичните точки по течението на двете реки.

Во селата Јачинце, Клечовце, Довезенце и Пчиња поплавени се земјоделски обработливи површини, викенд куќи, помошни простории. Пчиња се излеа и на игралиштето во селото Пчиња, како и на земјоделско земјиште на потегот на Пчиња кон Студена Бара.

– Во моментов излевање има на Крива Река кај село Ветуница (Ранковце) и излевање на Крива Река помеѓу селата Јачинце и Клечовце. Тоа е една од критичните точки кои во идниот период ќе мора да ги санираме, екипите се на терен во заштита на мостовите, односно расчистување на паднатите дрвја кои се во речното корито и доаѓаат до мостовите на реките Пчиња и Крива Река и таму се собира голема количина на вода. Нашите екипи работат на терен посоебно во село Драгоманце, Пчиња и село Ветуница. Во идниот пеирод ќе ги санираме овие критични точки, изјави раководителот на Водостопнаство „Кумановско -липковско поле“, Оливер Илиевски.