Изучувањето на српскиот јазик за Захариева е можеби провокација а Каракачанов обвинува дека Заев и Мицковски го засилуваат српското влијание во Македонија

0
66

Шефицата на бугарската дипломатија Захариева вели не е изненадена од таквата одлука, која според неа, е јасна потврда дека врските меѓу Скопје и Белград не се раскинати. Во интервју за БТВ, повтори дека самиот македонизам бил идеја создадена од Белград и Москва.

-Не знам дали е нова провокација кон Бугарија, но тоа покажува дека сите политички партии таму, без разлика од кој политички табор се, на оваа тема се апсолутно едногласни. Идејата на јазикот е да се зближи повеќе со српскиот, а да се оддалечи од бугарскиот. Тоа ги побива дел од ставовите дека тоа врска со Србија и Русија е прекината. Напротив, тоа е идеологија создадена на тие две држави за македонизмот., вели Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

Со реакција се огласи и вицепремиерот Каракачанов, кој вчера објави контроверзен фејсбук статус, во кој ги обвини Заев и Мицкоски за чествувањето на празникот Свети Сава и за засилувањето на српското влијание во Македонија. Денеска праша зошто државниот врв не го празнувал и денот кога бил потпишан Санстефанскиот договор.

-Дали сте слушнале премиерот, претседателот или некој од министрите во Македонија да го чествува бугарскиот празник 3-ти март. На 1878 и Македонија ја стекнала својата слобода, макар и на кратко. Но, тоа не се одбележува, изјави Красимир Каракачанов, вицепремиер на Бугарија.

Канал 5