Им се земаат сендвичите на граница – по „Брегзит“, Британците не можат да внесат храна во ЕУ

0
108

Новите правила по брегзитот стапија. На возачите кои доаѓаат од Велика Британија на граничните премини им се конфискуваат сендвичите. Оние на кои има месо.
Граничните полицајци мораат на секој патник подинечно да им ги објаснат правилата. Тие, пак, затекнати од ваквите одлуки.

Добро, утро господине!

Англија сега е трета земја за Холандија.

По Брегзит, веќе не смеете да внесувате одредена храна во Европа, како месо, овошје, зеленчук, риби. Такви работи“.

Дали имате месо на целиот леб или не?

Да.

Ок, тогаш ќе мора да го земеме целото. Се извинуваме.

Навистина? Ок, може ли да го тргнам местото и да ми го оставите лебот?

Не, мораме се да конфискуваме. Добредојде во Брегзит, господине. Многу ми е жал!

Господе Боже!

Обединетото Кралство формално се одвои од ЕУ на 31-ви декември. Од 23 часот тој ден за нејзините граѓани и компании повеќе не важат правилата на ЕУ и на сила стапуваат за нов нови, кои се однесуваат и на другите европски земји кои не се членки на блокот, а кои се однесуваат на патувањата, трговијата, имиграциите и безбедносната соработка. Излегувањето на Битанија доведе и до големи промени за економиите, бидејќи сега станува збор за два одвоени пазари.