Истражување во Британија: Една третина од излекуваните од корона повторно се разболуваат

0
71

Од 47.780 лица кои се отпишани од болниците во Велика Британија, 29,4 отсто повторно се вратиле во болница.

Една третина од излекуваните од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болнива. Едно од осум лица починало поради компликации на здравствената состојба поради заразата, покажуваат истражувањата на британскиот Универзитет Лестер и официјалните статистики.

Од 47.780 лица кои се отпуштени од болниците во Велика Британија, 29,4 отсто повторно морале да одат во болница после 140 дена. Од наведениот број, 13,3 отсто починале.

Многу луѓе врз кои коронавирусот имал подолго дејство имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажува истражувањето.

-Луѓето излегуваат од болница, имаат долгорочни последици од коронавирусот, се враќаат во болница и починуваат. Гледаме дека тоа било случај кај 30 отсто од лицата, а тоа е многу. Бројќите се многу големи, изјавил авторот на студијата Камлес Кунти.