ИЈЗ: ЗА 73% НАМАЛЕНА БРОЈКАТА НА ЗАРАЗЕНИ СО СЕЗОНСКИ ГРИП

0
72

За 73 проценти е намалена бројката на заболени од грип годинава во споредба со лани. Сезонава вкупно 433 лица заболеле од грип. Според здравствените власти драстичното намалување на болни од грип се должи поради мерките  за заштита од коронавирусот како што се маските, дистанцата и забраните за групирање…

Според податоците на Институтот за јавно здравје, најголемиот број на лица кои годинава фатиле грип се на возраст од 15 до 64 години, а највисоката инциденца се регистрира кај децата до 4 годишна возраст.