Каква е состојбата со патните правци по снежните врнежи кои ја зафатија Македонија

0
61

Утрово во 5 и 50 часоте укината забараната за тешки товарни возила на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци, што беше воведена поради врнежи од снег.

Од 04 часот на регионалниот пат Велес – Прилеп, премин „Плетвар“, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.

Забраната на патниот правец крак Маврово – Дебар останува да важи.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.