Кафеаните од четврток ќе работат до 21 часот,наредната недела можно е уште 2 часа подолго

0
75

Од четврток, 21 јануари се продолжува работното време на угостителските објекти кои наместо до 18 ќе работат до 21 часот, соопштија од Владата, откако се разгледани епидемиолошките насоки.

Инаку Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил напиша дека следната недела, откако ќе ја анализираат епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.