Ковид-пасошите нова реалност од март

0
95

Наскоро влегувањето во авион ќе биде можно само со пропусница. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании.
Пандемијата го смени нашето секојдневие, особено плановите за патување. Дали некогаш сте помислувале дека покрај стандардниот, ќе мора со себе да носите уште еден ковид-пасош? Ваквиот концепт се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија. Најавите се дека тој би можел веќе за два месеци да стане реалност. Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) најави дека употребата на нивните дигитални пропусници треба да започне во март. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании. Станува збор за мобилна апликација која ќе содржи информации за патниците поврзани со направени тестови за Ковид-19 или пак за вакцинација.
Се тврди дека апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од печатените, т.е. хартиени документи. ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12- часовни смени со цел да се заврши што е можно побрзо. На овој начин, ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија предизвикани од сегашната пандемија.

Кои се предностите?
Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на постојната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација. Оваа апликација е развиена од ИАТА пред пандемијата во партнерство со компанијата Evernym, која се занимава со решенија за дигитална идентификација. Надежите се дека оваа апликација би можела да го реши и проблемот со недостиг на персонал на аеродромите. Во моментов, авиокомпанијата, која работи со околу 10% капацитет, користи 100% од својот персонал за да ги верифицира потврдите за тестирање за Ковид-19. Затоа се смета дека користењето на апликацијата може да се тргне товарот од аеродромите и од персоналот, бидејќи патниците ќе доаѓаат со проверена и подготвена документација.

Дојче Веле