ВИДЕО – Курти нападнат во Митровица

0
110

Едно лице го нападна косовскиот политичар Албин Курти.

Нападот се случи на партискиот собир на Самоопределување во јужниот дел на Косовска Митровица.  Еден од присутните на партискиот собир во Митровица жестоко го навредил водачот на Самоопределениот и се обидел физички да се пресмета со него, што било спречено од обезбедувањето, наведува приштински „Клан Косова“. Реагирал и градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири, кој се обидел физички да се пресмета со граѓанинот, користејќи пцовки. Претставниците на Демократската партија на Косово (ДПК) реагираа со изјава во која наведуваат дека Курти и в.д. претседателката на Косово, Вјоса Османи го нарушиле уставниот поредок на Косово со одење во Северна Митровица, со цел да соберат евтини политички поени.

 

Тој вчера изјави  дека е за референдум за обединување, но не и ако тоа доведе до Трета балканска војна.