Македонија: Снег од утре, а многу студено време од петок

0
73

Поради продирање на студена маса на воздух од север, утре попладне и четврток ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.

Од Управата за хидрометеоролошка работа соопштија дека врнежите ќе завршат преку ноќ кон петок, кога ќе следи период со екстремно ниски температури.

„Во петок и за време на викендот ќе биде суво и многу студено, додека температурите во повеќето делови на земјата во текот на целиот ден ќе бидат под нулата. Најстудено ќе биде наутро за време на викендот, кога температурата ќе се спушти на -12 степени Целзиусови, информриаа од УХРМ