Македонско собрание без кворум: Двајца пратеници со КОВИД-19, опозицијата не учествува на седницата

0
59

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина денешната седница, бидејќи немаше кворум. Во Собранието присуствуваа 59 пратеници, што е недоволно за донесување одлуки.

Проблемот настана откако двајца пратеници на СДСМ беа позитивни на КОВИД-19, додека пратениците од опозицијата, иако рекоа дека ќе бидат присутни на седницата, не влегоа во салата.