Малолетничка пријавила сексуално малтретирање во полициската станица на Попова Шапка

0
158

Во полициската станица на Попова Шапка малолетничка пријавила сексуално вознемирување од страна на малолетник. Според пријавата, настанот се случил вчера околу 13 часот на Попова Шапка

Во 13.40 часот во СВР Тетово, малолетничка од Охрид пријавила дека околу 13.00 часот во центарот на Попова Шапка еден малолетник ја допирал по телото. За настанот бил известен јавен обвинител – информира СВР Тетово.

Полицијата и обвинителството ќе преземаат мерки за расчистување на случајот.