Мицкоски од Орбан побарал интервенција во спорот со Софија и помош во справувањето со ковид-19

0
59

Според соопштението, на средбата со Орбан како одлични и пријателски биле оценети односите меѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски побарал од Унгарија поддршка за деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ и севкупна поддршка во европските интеграциии, наведвајќи дека блокираните интеграции „се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија”.

„Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратегиската агенда. Точно е дека македонската Влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната подготвееност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ”, му кажал Мицкоски на Орбан