Муцунски од ВМРО ДПМНЕ- Попис да се спроведе час поскоро, но како статистичка, а не политичка операција

0
68

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис кој ќе има вистинска рефлекција за демографските состојби во државата, истакна денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање.

 

Според него, овој попис се води по застарена методологија.

 

-Ние даваме конкретни предлози како може Македонија да направи електронски попис бидејќи имаме капацитет за тоа. Но очигледно немаше слух. Овој попис е крајно е политизиран и е само еден од заклучоците води кон тоа, е да статистичка а не политичка операција. Добро зошто е потребен двоен потпис за да се потврди една статистичка операција? Значи очигледно имаме крајно политизирање на процесот. Во овие први моменти наша обврска е да се обидеме да ги искористиме сите институционални механизми да го спречиме овој попис. Кога ќе се искористат сите институционални механизми тогаш партијата треба да разговара за кои се следните чекори кои што треба да се преземат за да се спречи една ваква политичка, а не статистичка операција. Тоа јас верувам бидејќи јас како пратеник комуницирам со многу граѓани, верувам дека тоа е и ставот на граѓаните. Сите сакаат попис, но никој не сака попис кој што ќе го погази достоинството на нашиот уставно – правен систем, рече Муцунски.

 

Вели дека Законот кој веќе помина во Собранието има тенденции што не водат во таа насока.

 

Во однос на барањето Пендаровски да не потпише Законот, Муцунски рече дека најдобро е да се консултира со експерти.

 

-Претседателот Пендаровски примарно најдобро да се консултира со експерти од оваа област. Доколку се консултира со вистински и објективни експерти по ова прашање верувам дека ќе го упатат кон тоа дека не е овој закон правилниот начин за спроведување на попис. Ќе повторам попис треба, попис треба час поскоро. Но, попис треба земајќи ги во предвид современите алатки кои што ги имаме во 21 век. Треба електронски попис на Македонија, а Македонија има капацитет тоа да го направи и притоа нема никој да се сомнева во конечните статистики кои што ќе произлезат од него, рече Муцунски.