Намирници што имаат повеќе витамин Ц од портокалот

0
103

Кога некој ќе ви спомене витамин Ц, најверојатно прво помислувате на лимонот и на портокалот. Дали знаете еден средно голем портокал содржи 70 милиграми витамин Ц, а препорачливата дневна доза е 60 милиграми. Но некои плодови содржат многу повеќе.

Ананасот содржи 79 милиграми витамин Ц, а мангото дури 122 милиграми. И кивито е богато со овој витамин, два плода од ова овошје имаат 128 милиграми витамин Ц. Папајата, исто како и нејзините тропски роднини, ананасот и мангото, е богата со витамин Ц. Една овошка содржи околу 95 грама. Најбогата со витамин Ц е шипинката, во 100 грама од ова овошје има дури 430 милиграми.

Со витамин Ц е богат и зеленчукот, го има во пиперката. Во една црвена пиперка, на пример, има дури 341 милиграм витамин Ц. Во еден филџан исечкана свежа брокулата, пак, има 81 милиграм од овој неопходен витамин за човековото здравје. Го има во големи количества и во магдоносот (130 милиграми во 100 грама).