На Заев му е мило што зборот бојкот околу пописот го нема кај ВМРО ДПМНЕ

0
60

Мене ми е мило што не го гледам зборот ’бојкот‘ кај опозицијата туку за непризнавање на резултати или слично, затоа што да терате некој во бојкот е терање да се крши законот во конкретниот случај. Кој ќе им плати казни на граѓаните ставајќи ги во вакви околности. Јас верувам дека нема потреба ни од какви било потписи. Само еден пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ е голема партија, има 44 пратеници, може да понесе нов закон или измени и дополнување на закон или што било, затоа не се потребни никакви манипулации или фарси со собирање на потписи. На крајот на денот уште еднаш кажувам треба да се растеретиме од оваа статистичка операција побрзо, која е потребна пред сè за економски цели, стратегии, рамномерен развој“,

Ова го изјави Заев во Скопје на новинарско прашање околу пописот.

Тој додаде дека македонските но и албанските политички не треба да повикуваат на бојкот, оти така ќе има помалку попишани и Македонци , но и Албанци