Нелоски: Шилегов е единствениот градоначалник во светот, а и граѓанин кој што успеа да го претрка невидливиот снег

0
135

Петре Шилегов е мислам можда единствениот градоначалник во светот, а и граѓанин кој што успеа да го претрка снегот. Односно да најави дека ќе го исчистел без тој да падне. Но, шегата на страна, мислам дека тој пост кој што го имаше градоначалникот Шилегов и тој тендер за чистење на снегот е уште еден во низата на сомнителни и криминални тендери кои што за жал се случуваат во последниве три ипол години. Така да сметам дека еве во Скопје се уште непадна снег посериозно иако имавме вчера и денес нешто ситно и пред неколку недели нешто ситно, но немавме наноси на снег како што сме имале во минатото, а, сепак тој тендер кој што го дал Петре Шилегов пред година дена, медиумите кој што го обзнани е исплатен и парите се дадени, а снегот го нема,рече Владимир Нелоски, претседател на Градскиот Комитет при ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување на „Радио Лидер“.

Нелоски додаде дека поради вакви сомнителни тендери мора да има одговорност од Шилегов.

Лажни вести, во периодов една од алатките кои што ги користи власта за замолчување на сите нивни неистомисленици. Нас никако не можат да не замолчат, но уште поважно не можат ни да ги замолчат граѓаните кои што живеат во Скопје и што гледаат секојдневно што се случува, така и со овој случај со невидливиот снег, кој што беше исчистен, истакна Нелоски.

Нелоски посочи дека граѓаните на Град Скопје сите лаги на Шилегов ги помнат и ќе го казнат на претстојните локални избори кои се на прагот.