НЕ ПАТУВАЈТЕ, НЕ ЧЕКААТ УШТЕ ПОВЕЌЕ МУТАЦИИ НА КОРОНАТА

0
74

Првиот човек на Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“, Лотар Вилер истакна дека во Германија досега се регистрирани 16 случаи на новата мутација на коронавирусот која се појави во Велика Британија.

Сите пациенти се заразиле по враќањето од странство.

– Ова нема да биде последната мутација што ќе ја видиме, да не заборавиме на бразилскиот тип на коронавирусот. Ќе имаме повеќе видови, затоа – не патувајте – рече тој.

Вилер апелираше до граѓаните да ја прифатат вакцината против ковид-19 со цел да се намали притисокот врз болниците и рече дека луѓето треба да продолжат да се придржуваат до социјалните растојанија и хигиенските правила.

– На крајот на 2021 година, ќе успееме да ја ставиме пандемијата под контрола – рече тој.