Новата мутација на корона откриена во Австрија: Заразени четворица меѓу кои и 12-годишно девојче

0
61

Во Австрија се регистрирани првите луѓе заразени со новата мутација на коорна вирусот, првично откриена во Велика Британија.

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер, соопшти дека со новата варијанта се заразени четири лица во главниот град Виена. Сите четворица биле доброволно тестирани на аеродромот во Виена.

Меѓу заразените е и 12-годишно девојче кое пристигнало во Австрија на 18 декември.

Сите заразени засега имаат само благи симптоми и во моментов се во самоизолација. Друг заразен е 30-годишен Австриец, кој во земјата дошол на 6 декември од Јужна Африка.

Новата мутација, за која се смета дека е многу позаразна од претходните варијанти на корона вирус, првично беше откриена во Велика Британија и сега се шири во европските земји.

Според досегашните сознанија, корона вирусот е помалку подложен на мутации отколку вирусот на грип