Нормализиран сообраќајот на патот Маврово – Дебар

0
67

Вчера поради безбедносни причини поради одрони на патот и паднати дрвја беше воведена забраната за движење за сите моторни возила на патниот правец Маврово-Дебар од потегот на крстосницата за Маврово до Дебар .

Поради врнежите од замрзнат дожд и снег во ова подрачје и сообраќајот се одвиваше со застој поради кој се формираа километарски колони возила.

Само на потегот од Маврово до Гостивар на пет места имаше паднато скршени огромни дрвја. Синоќа на планинските превои имаше густа магла а во прекин беше електричната енергија во дебарско реканскиот крај поради оштетувања на далекуводот кај Маврово и друг дефект кај Глобочица при што без струја од десет и триесет часот вчера се останати околу 12 илјади потрошувачи.

Обилните врнежи од дожд предизвикаа излевање на реките во куманово во неколку села, а зголемен е и водостојот на треска каде не се исклучува локално излевање , како и на реките црн дрим , во кичевскиот регион, во гостиварско- тетовскиот регион и во полошката котлина.