Од денеска тетовци ќе можат да пијат од чешмите безбедна и чиста вода за пиење

0
56

Од денеска тетовци ќе можат да пијат од чешмите безбедна и чиста вода за пиење

Од денеска тетовци ќе можат да пијат од чешмите безбедна и чиста вода за пиење. Последните анализи покажаа дека водата е чиста и безбедна за пиење.
Според Центарот за јавно здравје Тетово микробиолошки водата е чиста, а ја нема матноста што значи, таа е физичко – хемиски исправна
Моментално жителите на Тетово користат вода од стариот водоводен систем. Новиот водовод неколку недели не е во употреба, затоа што филтер станицата од овој систем нема капацитет да ја прочистува заматената вода од Лешничка река и река Пена од кои се снабдува овој систем со вода,
Моментално Тетово се снабдува со 250 литри вода во секунда, што ги задоволува потребите на граѓаните за овој период од годината.