Од Тетово останаа само неколкумина да се занимаваат со земјоделие

0
66

Лошата состојба и проблемите во земјоделието доведе во Тетово да останат само неколку земјоделци. Еден од нив е и Ариф Исмаили. Но и тој како што вели полека се откажува од оваа дејност.

Немањето пласман, високите цени за производство се главните проблеми поради кои Ариф Исмаили еден од ретките земјоделци од Тетово се откажуваа од оваа гранка. Вели обработувал и до 40 декари површина, но сега му останале едвај десетина декари, а голем дел од оваа површина веќе сака да ја откаже и да се занимава со земјоделие, како што вели колку за себе.

Од Агенцијата за поттик и равој на земјдолието подрачно одделение Тетово, велат дека земјоделците од Тетово мора да се здружат и да формираат задруги, ако сакаат да им тргне работата.

како главен проблем во земјоделската дејснот е и немањето на откупни центри па земјоделците најчесто се соочуваат со неоткупени производи кои завршуваат во депонииите и реките