ОЛАБАВЕНИ МЕРКИ-КАФУЛИЊАТА ОД 21 ЈАНУАРИ ЌЕ РАБОТАТ ДО 21 ЧАСОТ

0
54

Филипче истакна дека во моментов во земјава имаме стабилна епидемиолошка слика, а се намалува бројот на хоспитализираните пациенти. Ваквата состојба според него овозможува угостителските објекти да може да имаат продолжено работно време од три часа, односно да работат до 21 часот.

-Од 21 јануари сигурно е дека угостителските објекти ќе работат до 21 часот. Тоа е единствената мерка која ќе биде олабавена. Во меѓувреме ќе ја следиме состојбата и согласно тоа можеме да го разгледаме и нивното барање да работат до 23 часот. Но, се останато останува исто. На сила остануваат сите остѕанати мерки, истакна министерот Филипче.