Онлајн настават продолжува, учениците нема да се вратат во училиште ни во второто полугодие

0
73

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, вели дека онлајн настават ќе продолжи до крајот на училишната година.

-Комисијата за заразни болести заседаваше пред еден месец за тоа дали ќе има нови промени. Сметам дека е најбезбеден е начинот на кој започна училишната година така и да заврши.Се со цел да се одржи во континуитет, сепак бројот на позитивни случаи во образованието да остане како и досега. Доколку има радикална промена во епидемиолошката состојбата, тогаш министерството за здравство и МОН заедно ќе разговараат за новите промени, но засега останува образованието да се продолжи на досегашниот начин, вели Царовска.