ОПШТИНА САРАЈ СО УЛТИМАТУМ ОД 30 ДЕНА ДА СЕ ОСТРАНАТ ПРИКОЛКИТЕ КАЈ ЕЗЕРОТО

0
58

Камперите, кои имаат поставено камп-куќички на брегот на езерото Треска во близина на Скопје, денеска на протест побараа граѓаните на главниот град, што пред години го изградиле комплексот, на референдум да се изјаснат што понатаму со него.

– Граѓаните на Скопје што го платија овој објект да кажат преку референдум што понатаму со него – рекоа денеска на протестот сопствениците на камп-куќички.

Општина Сарај, пред крајот на минатата година, донесе одлука тие да се отстранат од езерото Треска, а на 29 декември испратила извесување до нив да ги отстранат камповите.

Општина Сарај по писмен пат извести дека камперите имаат рок од 60 дена да ги отстранат нивните кампови