Османи- Бугарија сака дел од Преспанскиот договор да користи, а дел да одбие

0
92

Секое излегување од Договорот за пријателство со Бугарија, го прави проблемот конфузен и неразбирлив, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој додава дека идентитеските теми како јазикот се на маса, но дека за нив македонската страна не преговара.

Спорни се разликите во очекувањата. Прво во однос на договорот, разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата. И мислам дека тука договорот можеби не ги има прецизно дефинирано, бидејќи договорот не предвидува временска динамика, ниту договорот предвидува одредени бенчмаркови кои треба да се реализираат во одреден период. Тука е оставено на добра волја на двете држави да ги надминат разликите и да најдат заеднички точки како заедно во едно нов сојуз, како што се НАТО и ЕУ. Е тука во овие непрецизно дефинирани прашања секој има различни очекувања и тие очекувања очигледно кај луѓето, кај државите создаваат немир и анксиозност, бидејќи секој сака да има предвидливост во процесот. Кога нема предвидливост, тогаш секој излегува со своја агенда, тогаш и предизборниот период ги влошува тие состојби и затоа сметам дека се враќаме на договорот, создаваме предвидливост во имплементацијата и тука мислам дека ќе се расчистат дилемите по однос на тоа кој, што очекува, истакна Османи за РСЕ