Официјално: Македонија оди на СП во Египет на местото на Чешка

0
152

Македонската ракометна репрезентација ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања, бидејќи ќе игра на Светското првенство во Египет, што стартува утре. Репрезентацијата на Чешка и официјално се повлече од настапот поради многуте позитивни случаи на Ковид-19 во составот.

Чесите не се во можност да имаат конкурентна репрезентација на Мундијалот па затоа денеска одлучија да не патуваат за Египет. Во нивниот состав има дури 12 позитивни ракометари на Ковид-19 и уште петмина се во карантин. Меѓу нив се и двајцата селектори Даниел Кубеш и Јан Филип