Пандемијата лани остави без работа 17.026 луѓе

0
58

Од 11 март кога се прогласи пандемијата до 31.декември 2020 година без работа останале 17.026 луѓе „изброја“ Агенцијата за вработување.

Бројот на невработени, пак, многу повеќе се зголемил и од почетокот на март до крајот на минатата година во Агенцијата за вработување имало уште 53.708 невработени.

Односно, на крајот од февруари, вкупниот број на евидентирани невработени бил 191.935 невработени, за да на 31. декември 2020 година стане 245.643.

Ваквиот раст на евидентираната невработеност се должи на тоа што дел од оние кои и претходно биле невработени, но не и евидентирани во Агенцијата, во време на пандемија се евидентирале како невработени за да користат финансиска помош од државата за невработени лица.