Патнички воз кај Велес удрил во човек, кој избегал оти го барала полиција

0
106

Патнички воз од Скопје за Битола во саботата удрил во лице кое било на пругата кај Велес, потврдија од Македонски железници (МЖ) и од СВР Велес, а за случајот алармираа малкуте патници кои се затекнале во возот. Инцидентот се случил околу 21,10 часот на излеот од Велес во правец на Битола, на пругата близу основното училиште „Васил Главинов“.

„Местото е во кривина, но машиновозачот свиреше бидејќи го видел лицето кое било на пругата. Откако закочи и возот застана, службите лица на МЖ, машиновозачот, кондуктерот излегоа, а лицето кое беше удрено, маж на 50-тина години, немаше видливи повреди. Тој објаснуваше дека се криел од полиција, бидејќи ја нападнал сопругата и сега го барале. По некое време, човеков исчезна. Кога дојде полицијата го немаше“, кажува патник од патничкиот воз, сведок на настанот.