Патуваме опкружени со воени транспортери, како да одиме во војна, а не на – ракомет!

0
127

Еден од фаворитите за највисок пласман на ракометното Светско првенство (СП) во Египет, селекцијата на Хрватска, веќе неколку дена се наоѓа во оваа африканска држава, каде што утре ќе го одиграат првиот меч против Јапонија (18 часот).

Селекторот Лино Червар е меѓу најискусните стратези на Мундијалот, но ниту тој не видел услови какви што владеат во Египет, пред сѐ поради обезбедувањето кое е околу нив, со цел да им обезбеди избегнување контакт со локалното населениот поради страв од ширење на коронавирусот.

„Одиме на тренинг, а околу нас се шест воени транспортери, како да одиме во војна. Никогаш не сум бил на вакво натпреварување, како и било кој друг на СП, поради што важи правилот ‘снајди се, обиди се и реши’. Тешко е дури и да се опише со што сѐ се соочуваме. Добро е што ќе нема публика, па барем комуникацијата со играчите на теренот ќе ми биде полесна, а да не говорам за олеснувањето од евентуалната можност за зараза да игравме пред полни трибини“, изјави поранешниот македонски селектор и тренер на Металург.

Спорт 1