Петмина повредени гастарбајтери во судир на три автомобили кај Тетово

0
120

На 11.01.2021 во 17,45 часот на автопатот Тетово – Гостивар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв” со словенечки национални ознаки, управувано од А.Л.(35) од Тетово во кое сопатници биле Ф.Х.(42) од село Пирок, Д.Ф.(50) од село Горно Палчиште, и С.М.(40) од село Пирок, патничко моторно возило „ауди” со хрватски регистарски ознаки управувано од С.С.(46) од село Порок, тетовско и патничко моторно возило „рено” со словенски регистарски ознаки управувано од Б.Б.(41) од село Полошко, гостиварско.

По незгодата на А.Л., Ф.Х., Д.Ф ,С.М. и С.С. име укажана лекарска помош во Клиничка болница Тетово, каде кај Ф.Х. и С.С. се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.