Печалбарите и гужвите не ја зголемија бројката на заразени со КОВИД 19 во тетовско

0
77

Големиот број на печалбари кои во тетовско беа дојдени за време на новогодишните празници, не ја зголеми бројката на позитивни на КОВИД 19 како што очекуваа и најавуваа здравствените работници од овој регион. И тие што се на болничко лекување во Ковид центарот немаат тешка клиничка слика.

Голем дел од граѓаните веќе ја сватија сериозноста на болеста. Мерките ги почитуваат и избегнуваат семејни групирања кои изминатиов период беа извор број еден на заразата, велат од КОВИД центарот при Клиничката болница во Тетово.

Модуларната болница за која минатиот месец беше поставен бетонски фундамент се уште не започна да се гради. Но според д-р Гзим Нуредини, засега болничките капацитети при Клиничката болница во Тетово се доволни за опслужување на пациентите.