Полицијата го казни пратеник од СДСМ затоа што додека возел зборувал на мобилен пратеникот

0
66

Мартин Костовски од СДСМ е пратеникот кој заработи казна поради зборување на мобилен телефон додека возел, неофицијално дознава Прес24.

Како што соопшти МВР, полициски службеници денеска му врачиле платен налог на Костовски поради прекшување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје.

Костовски во минатиот мандат беше директор на Службен весник. По предвремените парламентарни избори тој изјави дека планира да остане пратеник во Собранието. Во Службен весник го замени Татијана Лалчевска.