Полицијата растураше бадникарски огнови и приведуваше, ВМРО ДПМНЕ обвинува за селективност

0
61

Полицијата вчера вечер „растури“ собир покрај бадникарски оган во скопското село Орман. Десет жители беа уапсени. Се гаснеа бадникарски огнови и во Битола и во општина Кривогаштани .

Откако МВР преку соопштение извести за приведувањата, јавноста остро реагираше за селективното постапување на министерството и министерот Спасовски, зошто се уште молчи за министрите од ДУИ кои го славеа роденден на лидерот Ахмети во новата зграда на Министерството за политички систем, без маски и дистанца.

“Јас мислам редно време е да се престане со глумење лудило. 15 функционери ви се собраа со торта у сред министерство и правеа приватна прослава, со слики, со се – не реагиравте. Па овие барем на отворено биле, пример за овие пријателите ваши. Очекувам и Ахмети, Груби, Османи, Џафери, вака да ги апсите. Нели, законот е еднаков за сите. Ај да видиме.”

„Приведени 10 души во село Орман за непочитување на мерките за справување со Ковид – 19’ Сигурно се овие од роденденот на Али. Уште 5 се во бегство ама кај ќе одат, кој му избегал на Оливер! Свака част“. – ова се само дел од објавите на социјалните мрежи.

Со реакција се јави и опозициската ВМРО ДПМНЕ, од каде што велат дека мерките и законите треба да важат подеднакво за сите.

“Оливер Спасовски по којзнае кој пат покажа сила врз народот додека министри од ДУИ сечеа торта без маски.Институциите во оваа држава за едни се мајка, а за други маќеа. Функционерите од власта секојдневно ги кршат мерките, а за тоа не видовме ниту една изречена казна или па некакво приведување, ама за тоа граѓаните и за минимално непочитување се апсат и казнуваат.” – велат од ВМРО ДПМНЕ.

Неместо веднаш да реагираат МВР и инспекциските служби, ДУИ два дена по „немаскираната“ роденденска прослава преку вицепремиерот Артан Груби ги повика институциите да ги казнат министрите, пратениците и директорите на ДУИ.

АЛФА