Поројните дождови предизвикаа излевање на неколку реки во тетовско

0
64

Поројните дождови предизвикаа излевање на неколку реки во тетовско. Има поплавено ниви, но ако продолжат врнежите се очекува и домовите на дел од населените места во Општина Јегуновце да бидат под вода.

Најголема штета има на земјоделската површина долж патниот правец Тетово – Фалише. Таму земјоделците имаат претрпено големи штети. Велат дека се излеала реката Пена, затоа што не била чистена од отпад подолг период

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, истакнаа дека засега состојбата е под контрола. Се надеваат дека нема да продолжат врнежите како досега и нема да има посериозни последици

Во Мавроско – Дебарскиот крај кој вчера остана без струја и проодни патишта, состојбата од утринава е стабилизирана.