Потребни се мозоци, а не бројки

0
623

Ги замолувам, за во нивна корист, албанските партии да не се произнесуваат околу пописот. Доколку оваа држава ве прифатила и верувам дека и ве сака и премногу ви дала шанса, пружајќи рака, па дајте побогу не се бламирајте. Пописот е статистика, операција, бројка која воопшто нема врска големината на таа бројка со вашиот придонес кон државата. Ги имате најбитните ресори (ако толку сакате да гледате низ призма на националност), дајте олабавете, дајте да направиме конечно заеднички држава. Напорни сте. Сега ни се потребни мозоци, не бројки!
Ајде, кога ќе ни пораснат децата, да не дозволиме во нивните очи да не гледаат како кривци зошто не сме се отселиле на време од ова парче земја. Јас верувам во вас, ама вие треба сами да си помогнете 🙂

ПС: пред избори во Македонија не се прават ниту мекици. Се’ се политизира. Заморно е.

Фејсбук статус на Небојша Арсич