По Бујар и Артан: Згрешивме, подготвени сме да ги сносиме последиците

0
76

Преземаме целосна одговорност, подготвени сме да ги сносиме последиците и почитуваме одлуките, изјави за Канал 5 првиот вицепремиер во врска со фотографиите споделени на социјалните мрежи од „прославата“ на роденденот на лидерот на ДУИ во новите простории на Министерството за политички систем, со кој управува – Артан Груби.

„Ги повикуаваме надлежните институции да изречат мерки кои ќе ги испочитуваме како секој граѓанин. Покрај грижата за своето лично и семејно, заедно со јавното здравје, ние сме посветени како избрани претставници да сме пример и да предводиме со дела во се што правиме. Жалам што во оваа инстанца не бевме на висината на оваа наша посветеност“, изјавил Груби за Канал 5.

Од МВР велат дека во координација со Државниот инспекторат за труд и Јавното обвинителство преземаат мерки и активности за негово расчистување, по што ќе следат соодветни поднесоци.