Премиерот Заев објави детали од петтиот пакет мерки за бизнисот

0
65

Бришење на каматите за долговите на граѓаните, бескаматни кредити за фирмите. Премиерот Заев откри детали за петтиот пакет мерки. Вели дека деталите уште не се дефинирани, се уште се преговара со засеганатите страни, но се знае дека ќе има помош за најсиромашните, за фирмите и вкупно за економијата.

Граѓаните кои имаат заостанати долгови за вода, комуналии кон државните и општинските институции, доаноци нема да ги платат каматите, туку само главниот долг и тоа на рати.

Нема решение за поддршка за исплата на плата. Се уште се преговара, но тешко е да се постави модел затоа што треба да се споредува овој со периодот лани кога државата беше во целосен карантин, а фирмите не работеа. Затоа, најверојатно, ќе се оди на поддршка на компаниите со беспматани кредити за да се стимулираат годината да ја завршат успешно. Ако се усшени дел од кредитот ќе им биде простен.

Посебна поддршка ќе има за тутунарите кои годинава имаат пониска откупна цена. Потоа хотелиерите надвор од туристичките места кои и натаму се празни. Посебни пакети ќе има и за угостителите и транспортерите. Државна помош ќе има и за медиумите. За нив државата ќе ги подмири обврските за концесии кон Агенцијата за аудиовизуелни медиуми во висина од 50 милиони денари.