Приведени крадци што украле пари од банкомат во Гостивар

0
113

Приведени крадци што украле пари од банкомат во Гостивар

СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкарски банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47)и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К од Република Албанија.Н.Р и А.Б. денеска наутро (10 јануари) лишени се од слобода, а Р. Р. издржува притвор за друго кривично дело. Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари. Приведените со соодветен поднесок денеска попладне ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, соопштија од СВР Тетово