Проблеми на СП во Египет, играчите се бунат: Ова е дивиот запад, се молиме да не се заразиме!

0
116

Еден од најдобрите ракометари во светот, Сандер Сагосен е разочаран поради условите на Светското првенство (СП) во ракомет, кое се одржува во Египет.

Сагосен беше бесен поради организацијата на турнирот и порача дека е разочаран со условите.

„Ова е пародија. Делуваше како голема шега. Ваквите услови се ужасни. Вчера се изненадивме кога стигнавме, денеска е уште полошо. Не знам дали може ова да го наречеме ’балон’. Луѓе доаѓаат без маски, сите јадеме заедно. Ништо не е под контрола. Воопшто не сме безбедни. Ова е дивиот запад. Може да се молиме за да не се заразиме“, вели Сагосен.

Супер спорт