Се излеа реката Драгор во Битолско, надлежните со насипи ја штитат пумпната станица

0
107

Со ангажирање на екипите на јавните претпријатија од Битола, спречен е водениот налет на реката Драгор, која претпладнево откорна брег од речното корито и се закануваше на пумпната станица на ЈКП „Водовод“ Битола.

Неодамна поставениот потпорен ѕид, даде свој придонес во заштита на станицата, но и во целосната заштита од излевање на реката.

Градоначалничката Наташа Петровска, истакна дека е завршено со ископ на пробив, со што е насочен текот на водата кон коритото на реката, кое беше изместено заради отсекувањето на дел од брегот од силните напливи на вода, а дополнително, се затвора лакот од одронот на брегот.