Се урнал Боинг 737-500 со 59 патници и членови на екипажот (Видео)

0
83

Авионот за помалку од минута се изгубил на околу три километри висина, јавува „Ројтерс“.

„ТАС“ пренесува информација од кинеската агенција „Синхуа“, која се повикува на локалните медиуми, кои наведуваат дека рибари го пронашле остатоците од авионот во океан.

Станува збор за 27 години стар авион Боинг 737-500, а надлежните најавиле доатни информации за несреќата.

Министерството за сообраќај на Индонезија објавило дека е во тек акција за потрага и спасување.

Како што пренесуваат локалните медиуми, авионот стар 27 години изгубил контакт со контролата на летање, а последен пат е виден над Јаванското море.