Силвестер Сталоне со бугарски пасош и бугарски корени ?

0
279

Бугарските медиуми се шокирани поради фалсификуваниот пасош кој бил најден со пари и други документи во областите Бургас, Пловдив, Пазарџик, Софија и Шумен, со учество на агенти на тајните служби на САД и со помошта на ЕврополКако што јавува бугарскиот портал dnevnik.bg , кај криминалната група која била лоцирана во подземна гаража на хотел во „Сончев брег“ која била претворена во печатница, биле пронајдени 360 илјади долари и 410 илјади евра и плус пасош на познатиот „Рамбо“ , нормално „издаден“ од МВР Софија , од кој се гледа дека актерот Сталоун е роден во Софија и кај националноста му стои – Бугарија.

Бугарски Дневник уште додава

„Пасошот беше презентиран пред клиентите како примерок за високо квалитетна изработка, според Специјалното обвинителство. Девет лица се приведени, а шест се веќе обвинети.

Останува да видиме дали ќе се „пронајдат“ Бугарски пасоши и на Меси, Путин, Александар Вучиќ и Тина Тарнер.т“: