Сисак се поместил за 10, а Петриња за скоро 20 сантиметри кон исток

0
80

Недела дена по разорниот земјотрес во Петриња со магнитута 6.2 по скалата на Рихтер, интердисциплинарен тим хрватски научници уште го испитува теренот за да одговори на прашањата што ги мачат јавноста и експертите.

Според нивната пресметка изработена на основа од сателитските снимки на Европската вселенска агенција, најразорниот замјотрес во околината предизвикал поместување на тлото со амплитуда од дури 70 сантиметри. Најголемото поместување е забележано во шумската област опкружена со местата Слана, Глинска Полјана и Гора. Во западниот дел на раседот, земјата се кренала за 40 сантиметри, а во близина на градот Петриња се спуштила за 30 сантиметри. Експертите од Геодетскиот факултет, кои го истражуваат теренот со сеизмолозите, се обидуваат да проценат колку се поместиле градовите Петриња и Сисак на исток.

Сисак се тресеше со многу помал интензитет од Петриња. Прелиминарно, Сисак се помести за 10, а Петриња за 15 до 20 сантиметри, рече д-р Марин Говорчин од Факултетот за геодезија во Загреб за „Јутарњи лист“.