Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Има разлика помеѓу снег од хациендата на Шилегов во Маврово, и снег во Скопје, но исто е што ова граѓаните ги чини 100 илјади евра

0
83

СДСМ освен со манипулации започна да се служи и со халуцинации. Поминаа повеќе од 20 часа од спектакуларната објава на Шилегов за снежно Скопје. Но по 20-тина часа се уште ниту трага од снег, ниту една снегулка има во Скопје, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

– Очигледно е дека статусот градоначалникот Шилегов го пишувал од својата раскошна хациенда во Маврово.
Но она што е очигледно дека Шилегов ќе потроши над 100 илјади евра за чистење на снег кој што го нема во Скопје. Толку за жал ќе чини годишниот тендер, велат тие.

– Додека граѓаните немаат пари за леб, Шилегов ќе троши народни пари за непостоечки снег во Скопје. Шилегов освен што уништува и создава хаос низ Скопје, тој преку тендери си го полни својот џеб на сметка на граѓаните, тврди советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.