Според СЗО изгледа дека „Ивермектинот“ е “5 пари лекот“ – спас за човештвото?

0
171

СЗО во месец Ноември одржа светска презентација на која го покажа 100% бенефит од лекот „Ивермектин“, компариран со останатите досега споменува познати лекови или комбинации.„Иивермектинот“ во земјава ќе пристигне за 14 дена !

Ќе се користи пред во болнички услови, а оние кои се лекуваат дома ќе може да го набават од аптека исклучиво со рецепт од лекар, рече министерот Филипче.

Ивермектинот, според последното истражување на СЗО од 18 ноември минатата година, покажал дека е единствениот лек кој е ефикасен во сите три фази од КОВИД заболувањето: периодот на инкубација, полесна и потешка симптоматологија.

„Кај ризични групи на работници кои што имаат висок ризик да заболат, луѓе кои што биле во контакт со потврден заболен контакт и, нормално, кај луѓе кои што се заболени. Кај трите групи на граѓани односно на пациенти има различна индикација и различно дозирање, затоа е битно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја.“- Венко Филипче, министер за здравство

Министерот не ја исклучи можноста и за олабавување на дел од мерките доколку епидемиолошката слика остане мирна. Најави дека на следниот состанок со Комисијата за заразни болести, а по гласните барања на угостителите, ќе предложи кафулињата и рестораните наместо до 21 да работат до 23 часот.

„Ова скратување на времето дополнително иницијално кога беше донесено минатиот месец рековме дека ќе биде до 21 јануари кога практично и завршуваат прославите и верските празници и тогаш по автоматизам се враќаат на она работно време до 21 часот – но ќе го разгледаме барањето дали може да се продолжи за уште два часа. Што и да важи како ослободување на мерките, се ќе биде после 21 јануари.“- Венко Филипче, министер за здравство

Генералната оценка на Филипче е дека за време на новогодишните и божиќните празници граѓаните биле совесни и ги почитувале мерките за заштита од корона вирусот.