ССК бара да продолжи помошта од државата до април

0
75

Сојузот на стопански комори (ССК) денеска побара државната поддршка да се спроведува континуирано, да се дефинираат протоколи за работа на сите дејности и да се обезбеди директна, неповратна помош за повеќе сектори

„Доставивме 15 мерки за економски спас кои базираат на реалните потреби. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, ако не се обезбеди континуирана финансиска помош, може да доведе до затворање на дел од правните субјекти. Во услови на намалена деловна активност и голема неизвесност, мерката од 14.500 денари за плати на вработените, даде значителни резултати за одржување на претпријатијата како и зачувување на работните места. Неопходно е да остане достапна кредитната линија на Развојната банка за мали и за средни претпријатија“, изјави Даниела Арсовска, претседателката на ССКМ.